Мултикултурата и граѓанските движења се предизвици за градење хармонично општество

Нема состојба во државава што не може да се реши со добра човечка волја и со граѓански активизам каков што развива и Женското лоби“, рече авторката Лилјана Поповска денеска во скопскиот хотел „Холидеј ин“ на промоцијата на својата публикација „Мултикултурни поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија – влијание врз јавните политики и социјалната кохезија“. Издавач на трудот е Македонскиот центар за меѓународна соработка, издавач директор на МЦМС Александар Кржаловски, а промотори Ѓулумсер Касапи и Сашо Клековски. „Тој што одбива да комуницира сои другите култури засекогаш е осуден никогаш да не порасне и тој за секогаш ќе остане во мракот на својата национална и културна празнина. Запознавањето на културите на другите е богатство на духот и богатството на човештвото“, порача Касапи оценувајќи го трудот на Поповска како вонредно вредна трага во македонското мултикултурно општество. „Лилјана Поповска со својот „двоен“...

Дводневна обука за СИГМА стандардите

Денес е вториот ден од дводневната обука за СИГМА стандарди и алатки на ПР и односи со јавност во Велес. На настанот присуствуваат активисти од невладини организации од Вардарскиот плански регион: Чекор кон Европа и извидничкиот одред “Димитар Влахов”. Ова е шестата обука од циклусот обуки за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, дел од проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување” кој е финансиран од Европската унија а го спроведуваат Центарот за управување со промени, Асоцијацијата за менаџмент консталтинг и Центрарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.

Вестите повеќе се копирани, отколку оригинални

“Од вкупно 1902 напишани вести, 955 биле превземени вести, додека 947 – оригинални. Овој податок дава до знаење дека во Македонија има голем проблем со оригиналноста на содржините кои се пласираат во јавноста”, истакна новинарот Џелал Незири, презентирајќи ги резултатите од анализата на 15 македонски медиуми на вчерашната Обука за организациско и професионално јакнење на веб порталите од Североисточниот регион на Македонија која се одржа во ГЕМ клубот во Скопје. Анализата, која траела една недела е спроведена од Центарот за развој на медиумите “Медиум”, а податоците кои се добиени, според организаторите, укажуваат на еден сериозен проблем со кој се соочува македонското веб новинарство. Незири потенцираше:  “Од овие 947 оригинални содржини, пак, веродостојни биле 943, додека 4 спаѓаат под лажни вести. Ова и не е така загрижувачки податок, но мора да се земе предвид фактот дека истражувањето е спроведено надвор...

СКУП награден за најдобар документарен филм за загадувањето на Скопје

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија доби награда за најдобар документарен филм за загадувањето на Скопје од организацијата Зелен Глобус. Филмот „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“ беше објавен во јануари годинава, и ги опишуваше начините за намалувањето на загадувањето на главниот град. Покрај СКУП награди од „Зелен Глобус“ добија Горјан Јовановски за апликацијата Мој Воздух, Донче Илиовски за најдобра еко фотографија, Емисијата „Еден на еден“ за хаштагот Ден на воздухот, Поф. Д-р Драган Ѓорѓев за својот придонес за чист воздух, водителот Огнен Јаневски, Велосипедската организација на Точак, Радио Моф и Анонимни урбани уметници за најдобра герила акција. Доделувањето на наградите се одржа вчера во Младински културен центар.

„Приоритети“ на МПЦ: Глисери наместо кандила

Според владиката Тимотеј, архиереј на Дебарско-Кичевската епархија, пловилото е купено за сопствени потреби и од сопствени пари. „Тоа е катамаран, не важно од каде е донесен. Го купивме од кај што се продаваат. Не ни е подарок, плативме 18.000 евра за бротчето. Не e големо бротчето, има многу такви во Охрид“, вели владиката Тимотеј. Тој додава дека имаат манастир каде не се пристапува со возила, затоа и го купиле бротчето. Информацијата ни ја потврдија и од Охридската капетанија и посочија дека има многу такви пловила регистрирани во нивната Капетанија. Тие посочија дека ова е прво регистрирано пловило на име на Македонската православна црква.   Дали фирмата на Самсоненко и го дала на чување глисерот SACS Stider 8 или им го рентала   Македонската православна црква беше актуелна околу случајот со глисерот на SACS Stider 8 за кој пишуваше Канал...

Регионална анкета: Свиркачите најнепопуларни во Македонија

СКУП Македонија дел од Коалицијата за заштита на свиркачите на Југоисточна Европа. Минатата година во март во Скопје, СКУП го организираше првиот меѓународен ден на свиркачите и работи на подигање на јавната свест за придобивките од заштитата на овие граѓани, кои се осмелуваат да пријават корупција.   Анкетата за перцепцијата на јавноста за укажувањето во Македонија беше спроведена од страна на Советот за регионална соработка во 2017 година. Репрезентативен примерок од 1,000 испитаници одговорија на повеќе прашања во врска со ова. Анкетата ја открива силната потреба од подобрено јавно образование и свест за придобивките од укажувањето и важноста укажувачите да се заштитат од одмазда, особено на работното место. Далеку помалку луѓе од регионалниот просек – само 41 процент – се изјасниле дека луѓето треба да бидат поддржани за пријавување сериозни прекршоци со откривање на внатрешни информации. Триесет проценти рекле...

Оставете коментар

коментар(и)