Статии напишани од Администратор:

  • Каде една плата полни најмногу резервоари? Северна Македонија има евтин дизел, но е само четврта

    Возач во Црна Гора со една просечна месечна нето-плата теоретски може да купи повеќе од 550 литри дизел, додека во Албанија просечната заработка е доволна за околу 330 литри, покажува споредбата на платите и цените на горивата во шесте економии од Западен Балкан. Анализата на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија покажува дека ниската цена на бензинските пумпи сама по себе не значи и...
  • Од училница до работно место: Кои можности за пракса им се достапни на младите?

    За младите кои го завршуваат образованието, но сè уште немаат работно искуство, практикантството може да биде важен чекор кон првото вработување. Во Северна Македонија постојат повеќе механизми преку кои младите можат да стекнат практични знаења – од национални мерки за вработување, преку „Гаранцијата за млади“, до можности за пракса и мобилност во странство преку програмата „Еразмус+“. „Гаранцијата за млади“ – можност за младите до 29 години Една од најзначајните...
  • Од бесплатни универзитетски лиги до базени и фитнес: Колку можности за рекреација имаат студентите во Северна Македонија и регионот?

    Студентите во Северна Македонија имаат пристап до различни можности за спорт и рекреација – од универзитетски лиги и факултетски спортски активности, до јавни базени, спортски сали, фитнес-центри и отворени спортски терени. Сепак, за разлика од некои универзитети во регионот, каде што голем дел од рекреативните програми се целосно бесплатни за студентите, кај нас бесплатните можности се почесто поврзани со универзитетски активности, додека користењето на комерцијалните спортски објекти најчесто се...
  • За една деценија Македонија изгубила речиси 6.000 студенти – одливот е поизразен кај машките студенти

    Република Северна Македонија во последните десет академски години бележи значително намалување на бројот на запишани студенти, при што падот е многу поизразен кај машката студентска популација. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика – МАКСтат, бројот на студенти на прв циклус студии се намалил од 59.359 во академската 2014/2015 година на 53.535 во 2024/2025 година, што претставува намалување од 5.824 студенти, односно 9,8 проценти. Во споредба со претходната...
  • Бесплатен превоз, субвенциониран оброк и стипендии: Колку државите во регионот им помагаат на студентите?

    Бесплатен јавен превоз, субвенциониран студентски оброк, стипендии и регулирано студентско сместување се дел од мерките со кои државите во регионот се обидуваат да им ги намалат трошоците на младите во текот на студирањето. Во Северна Македонија студентите имаат комбинација од вакви мерки, но нивниот опфат не е секогаш ист – дел од поволностите се национални, а дел се однесуваат на студентите во Скопје. Во споредба со соседните земји, сликата...
  • Може ли вештачката интелигенција да нè затвори во комуникациски балон?

    Дали алатките базирани на вештачка интелигенција можат да ги затворат корисниците во комуникациски балон, да го ограничат пристапот до различни ставови и на тој начин да влијаат врз слободата на мислење, беа дел од прашањата отворени на третата тренинг-сесија за ВИ со професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Дискусијата беше насочена кон придобивките, но и кон ризиците што ги носи сè поголемата употреба на ВИ-алатките во секојдневната...
  • Новинарите имаат клучна улога во етичката употреба на вештачката интелигенција

    Новинарите имаат клучна улога во промовирањето на етичката употреба на вештачката интелигенција преку транспарентно, точно и одговорно известување, додека развојот на писменоста за ВИ станува неопходен за разбирање на сè покомплексната технологија. Ова беа дел од главните теми на петтата сесија од серијата тренинзи за вештачка интелигенција, која експертот Феџа Куленовиќ ја одржа со професорите и академскиот кадар од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. ВИ-писменоста станува дел од...
  • Вештачката интелигенција во медиумите: Новинарот останува одговорен за информацијата

    Како вештачката интелигенција се претставува во новинарството и јавниот простор и каде завршуваат можностите на технологијата, а започнува одговорноста на новинарот, беа главните теми на шестата сесија од серијата тренинзи за ВИ со професори и академски кадар од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Експертот за вештачка интелигенција Феџа Куленовиќ ги претстави позитивните и негативните аспекти од употребата на ВИ, со посебен акцент на одговорноста на новинарите при користење...