Архитектот што го проектира новиот Клинички, два пати апсен во Италија

Автор: Менче Атанасова Точи (Текстот е оригинално објавен на страницата на НОВА ТВ на 2 јануари 2015 година. Веднаш по објавата, до редакцијата на НОВА ТВ пристигнал демант од министерството за здраство. Забелешките на министерството се вметнати во овој текст. Целиот демант е објавен, во целост, под овој текст)   Антонио Савоино од италијанската фирма Арен Срл која го доби тендерот за проектирање на новиот клинички центар„Мајка Тереза“, бил вмешан во серија корупциски скандали во Италија пред една деценија, дознава НОВА. Савоино кој сега е на возраст од 84 години, фигурира во бордот на директори на Арен Срл, проектанското биро што треба да го проектира грандиозниот објект во Македонија, додека на местото главен извршен директор, е неговиот син Дејвид. Според италијанските медиуми Антонио Савоино два пати бил апсен за работи поврзани со изградбата на болниците во Асти и Савона...

Општинските манифестации во рацете на невладини организации

автор: Весна Коловска сторијата е оригинално објавена на страницата на Канал77   Како бомба во јавноста одекна веста дека полицијата му поднесе кривична пријава на претседателот на граѓанското здружение „Пастрмалијада 2013“, под сомение за проневера на пари од Пастрмалијадата во 2013-та и 2014-та година. Според пријавата на СВР Штип до Основното јавно обвинителство, „пријавениот А.Ѓ. во периодот од 11.09.2013 година заклучно со месец октомври 2014 година како одговорно лице, Претседател на здружение на граѓани „Пастрамалијада 2013“ Штип и овластено лице во правниот промет, ја искористил службената положба и овластување и без донесување на писмени одлуки од страна на органите на здружението, незаконски потрошил вкупно 2.718.805 денари по различни основи. Пријавениот во повеќе наврати противправно присвоил за себе 396.700 денари, на начин што еден дел во износ од 259.800 денари ги префрлил на сметка на Здружението на трансакциски сметки на...

Половина милион евра граѓански пари за дно на прволигашката табела

автор: Виолета Кожинкова сторијата е оригинално објавена на страната на ТВ Ирис   „Општина Штип се сочува со сериозни финансиски проблеми. Долгот на општината ја надминува сумата од два милиони  евра“, беше првата изјава на Илчо Захариев, откако ја презеде градоначалничката функција на Штип. Година и половина по оваа изјава, за финансиската кондиција на општината и натаму вели дека е загрижувачка, но неодамна потпиша ребаланс на општинскиот буџет, од каде со претходно одобрените средства, околу 280.000 евра одат во касата на Друштвото за спортски дејности  „Брегалница 2008“ АД, кое го раководи фудбалскиот клуб „Брегалница“. По есенското коло овој фудбалски клуб се бори за опстанок, на претпоследното место. Но што е тоа што локалната власт и натаму ја мотивира да вложува во „вреќа без дно“? Потегот на оваа локална власт не се разликува од која било претходна. Речиси сите владејачки гарнитури...

САХАРА ВО МАКЕДОНИЈА: НЕДОВРШЕНИТЕ ПЛАНОВИ НА ЕДЕН КОНТРАВЕРЗЕН БИЗНИСМЕН

Автори: Џелал Незири, Жаклина Хаџи-зафирова, Александар Божиновски     Со широка насмевка и преполн со оптимизам, како актер од боливудските филмови, во јуни 2012 година во Македонија дојде Субрата Рој, 66-годишен контроверзен бизнисмен од Индија. Облечен во бела кошула со кратки ракави и со црн јелек, едно помодерно издание на индиската традиционална облека, тој во Македонија беше претставен како спасител на домашната економија.   Се сретна со поголемиот дел од министрите, со градоначалникот на Охрид и со премиерот Никола Груевски. Неговите планови, кои беа обелоденети по средбите, предвидуваа изградба на туристички комплекс на охридското крајбрежје, фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. Со овие и останатите најавени инвестиции се очекуваше вработувања на над 3 илјади невработени во Македонија. Се оценуваше дека ова ќе значи голем успех за земја со околу 30 отсто невработеност....

Работнички трагедии

од Екипата на емисијата КОД Додека неколку работници на кров од монтажен објект во кругот на кумановската компанија Искра менувале плексиглас, Јовица Симоновски со една нога стапнал врз една табла на висина од околу 25 метри. Тој 9-ти јули околу 8 часот наутро, кровната табла попуштила и тој бидејќи не бил осигурен со јаже или со појас паѓа од големата височина. Загинува на лице место. Трудовиот инспектор и полицијата вршат увид и откриваат кривично дело- обвинителството по службена должност подига обвинение за дело „предизвикување опасност при градежни работи“ за член 292 од Кривичниот законик став 2. Оваа законска одредба предвидува дека доколку при вакви дела настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку три години. Максималната казна за ова дело е 15 години затвор. Почнува судски процес, а семејството покренува и граѓанска...

Зона на економска измама

Со рекорден број на невработени лица, односно повеќе од 30% на национално ниво, Македонија сè уште не изнајде начини за привлекување странски капитал. Технолошките и индустриски развојни зони кои нудат бројни даночни олеснувања заа инвеститорите се дел од стратегијата за брз развој, чија цел е економско заздравување на земјата. Одлуката на Владата од 2007 година за тетовската слободна економска зона ги оживеа надежите за намалување на невработеноста во овој дел од земјата.. По успешноста на првата слободна економска зона во 2000 година во близина на Скопје, планираната за Тетово беше на четвртото место на листата. На 95 хектари земјиште, оваа зона има многу привлечна позиција, бидејќи се наоѓа на крстопатот на коридорите 8 и 10. Владеачките политички партии пропагираа вистински инвестициски рај во овој регион, најавувајќи околу седум илјади нови работни места од почетна фаза. Сепак, прашањето е што...

Оставете коментар

коментар(и)