ВЛАДИНИ ФУНЦИОНЕРИ ПОСЕДУВААТ АКЦИИ ВО ГОЛЕМИ КОМПАНИИ

Во изјава за СКУП, министерот Шапуриќ вели дека неговиот удел во наведените компании е незначителен. Министерот Адеми, поседува акции во текстилна индустрија, Царовска пријавила акции на нејзината мајка, Анѓушев мнозински акционер во „Фероинвест“ за премиерот Заев со акции на име на неговите родители. Од ДКСК се повикуваат на член 45 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Освен функцијата, добар дел од актуелните владини функционери се сопственици или поседуваат акции во познати компании и друштва во земјата. Гранит, Бетон, Макпетрол…се најдоа помеѓу субјектите каде што актуелните министри имаат удели. Истражувањата на СКУП за имотите на државните функционери во рамките на проектот ПЕП, дојде до листата на министри кои имаат акции и истите ги имаат пријавено во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). МИНИСТРИ АКЦИОНЕРИ Зоран Шапуриќ, министерот без ресор...

НОВИТЕ АНТИКОРУПЦИОНЕРИ „ТЕЖАТ“ 1.7 МИЛИОНИ ЕВРА

Најбогат антикорупционер е Салаи со имот вреден над половина милион евра, додека „најсиромашен“ е Софка Пејовска Дојчиновска со околу 18 илјади евра пријавен имот.   Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ   Новите членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пријавиле дека поседуваат вкупно 1.7 милиони евра имот. Како избрани функционери, освен што имаат обврска да ги следат имотите на функционерите, и тие се обврзани да пријават што поседуваат и можните измени во нивната имотна состојба. По донесувањето на новиот Закон за спречување на корупција во јануари годинава и формирањето на Антикорупциска комисија, на старите столчиња седнаа нови членови. Сега, комисијата брои седум членови, од кои еден претседател. СКУП, во рамките на проектот ПЕП, ги анализираше имотите на членовите на ДКСК од кои произлезе дека најбогат е Салаи со имот вреден над половина милион евра, додека „најсиромашен“...

За скопските татковци централниот плоштад е приватна нива

Љубица Иванова и Ѓургица Бојчовска   Покрај приматот во загаденоста на воздухот, Скопје е европски, а можеби и светски рекордер по сумата потрошени пари за разни темелни и поситни реконструкции и други градежни интервенции на својот централен плоштад. За дваесет години целиот овој простор е трипати преоран од корен. Повозрасните скопјани ги паметат старите мали гранитни темносиви коцки, калдрмата што плоштадот го краселе повеќе од еден и пол век. Во времето на Ристо Пенов, градоначалник во два мандати во деведесеттите години на минатоиот век, таа трајна и практично неуништива подлога на плоштадот е преорана и покриена со бетонски  плочи од увоз. Скопјани знаат да кажат дека со тоа, со првата темелна реконструкција на плоштадот, со масакрирањето на неговиот претходен децениски изглед со кој се раѓаа и растеа генерации и генерации скопјани и не само скопјани, згасна и романтичниот дух...

ПОМЕЃУ ЈАВНАТА ФУНКЦИЈА И ПРИВАТНИОТ БИЗНИС: ДРЖАВНИ ФУНКЦИОНЕРИ ФИГУРИРААТ ВО 65 АКТИВНИ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ

Државните функционери се уште фигурираат во вкупно 106 правни субјекти, од кои 65 се активни Професорот Борче Давитковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ вели дека доколку функционерот сака да се занимава со својот приватен бизнис, тогаш тој треба да се откаже од јавната функција Од новиот состав на ДКСК јавноста очекува конкретни резултати во борбата против корупцијата, а не заштита на коруптивното однесување на функционерите, како што беше случај во изминатиот период   Пишува: Бјанка Станковиќ и Ангела Рајчевска          Ја сакаат политиката, но не се откажуваат од бизнисот. Првата активност се поврзува со јавниот, а втората со личниот интерес. Со стапување на функција, не ретко јавните ресурси се стават на располагање на приватниот бизнис. Но истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП покажува дека дури 65 од вкупно 106 правни субјекти, кои ги поседуваат државните функционери,...

ДЕВЕТ ФУНКЦИОНЕРИ СЕ ПОБОГАТИ, САМО ДВАЈЦА СЕ „ОСИРОМАШEНИ“

Пратеничката Мери Лазарова со дупло зголемен имот, Сашко Атанасов со нов камион, Жаклина Пешевска со нов автомобил Даниела Рангелова подновена со долг од 228 евра месечно, Мила Царовска со две нови земјоделски земјишта, а Емил Димитриев со нов стан Асаф Адеми со удел од 2.250 евра и денарски депозит во износ од 4.552 евра, а Мухамед Зеќири со неажурирани промени   Пишува: Ангела Рајчевска и Бјанка Станковиќ Министерот за култура од редовите на политичката партија БЕСА, Асаф Адеми, со стапувањето во неговата функција лани немаше пријавено ништо на свое име. До Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) тој доставил имотен лист каде целиот пријавен имот гласеше на неговото семејство. Но, во новата година во имотот на Адеми се забележани удели на неговата сопруга во износ од 2.250 евра, личен имот и денарски депозит во износ од 4.552 евра....

Компјутери во магацините, наместо во рацете на децата

Теодора Цветковска, Љубица Иванова и Ѓургица Бојчовска   Скоро половина од компјутерите доделени на училиштата како дел од проектот „Компјутер за секое дете„ се нефункционални, украдени или скапуваат во магацините на образовните институции во државава. Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија дојде до фрапантни податоци за состојбата со училишните компјутери кои наместо да ги образуваат децата, се претворија во декор или завршија во електронски отпад. Ова го покажа истражувањето кое го реализираше СКУП во изминатите пет месеци, а со кое беа опфатени основните и средните училишта во државава. СКУП испрати барања по слободен пристап до информации од јавен карактер до сите училишта, а одговори добивме од над 50 отсто од основните училишта, или 152 основни и од 23 средни училишта. Проектот “Компјутер за секое дете“ е една од најголемите инвестиции во областа на образованието. Пред десет години беа обезбедени 17.818...

Оставете коментар

коментар(и)