Градејќи го Скопје, ја запустеа источна Македонија

Уништени претпријатија, ниски плати, лоши сообраќајни поврзувања, сиромаштија, иселување на младите. Ова е сликата за источна Македонија низ призма на економските параметри и стандардот на населението. Квалитетот на животот е опаднат до самото дно. На истокот не се случуваат културни настани, нема спортски клубови кои ќе ги привлечат младите. Причина за ваквата состојба е ужасната економска состојба, вели економскиот аналитичар од Кочани м-р Горан Стојановски.   „На економијата во овој регион и треба една силна инекција, некој поголем инфраструктурен проект кој ќе ја покрене. Секој денар вложен во инфраструктурата дирекно враќа три денари, а индирекно многу повеќе“, вели Стојановски. Тој додава дека последен инфраструктурен објект во овој дел на Македонија е браната Калиманци, која е изградена во 60-тите години на минатиот век. Овој податок беше повод да направиме истражување претставено низ следните табели во кои ја анализиравме инфраструктурата во...

Од Девствените острови директно во Пробиштип

Текстот е оригинално објавен на страната на ТВ Ирис на 30 декември 2014 година   Фирма од Девствените острови сака да гради леарница во Пробиштип во која ќе се топат отпадно железо и челик. Леарницата ќе се гради на само два километри од отвореното јаловиште на рудникот за олово и цинк Злетово, каде што се депонирани 11 милиони кубни метри отровен кадмиум, молибден, бакар и злато. Ова ги вознемири жителите на градот, кои преку социјалната мрежа Facebook формираа група „Не за челичарница во Пробиштип” , и почнаа да собираат потписи за петиција против изградбата на леарницата. Велат Пробиштип, нема да биде новиот Велес. Како совесни граѓани се прашуваме во време кога целиот регион и граѓаните на нашата држава се борат за правото да дишат чист воздух, да пијат питка вода и незагадена почва нашата Општина се одлучува на ваков...

Архитектот што го проектира новиот Клинички, два пати апсен во Италија

Автор: Менче Атанасова Точи (Текстот е оригинално објавен на страницата на НОВА ТВ на 2 јануари 2015 година. Веднаш по објавата, до редакцијата на НОВА ТВ пристигнал демант од министерството за здраство. Забелешките на министерството се вметнати во овој текст. Целиот демант е објавен, во целост, под овој текст)   Антонио Савоино од италијанската фирма Арен Срл која го доби тендерот за проектирање на новиот клинички центар„Мајка Тереза“, бил вмешан во серија корупциски скандали во Италија пред една деценија, дознава НОВА. Савоино кој сега е на возраст од 84 години, фигурира во бордот на директори на Арен Срл, проектанското биро што треба да го проектира грандиозниот објект во Македонија, додека на местото главен извршен директор, е неговиот син Дејвид. Според италијанските медиуми Антонио Савоино два пати бил апсен за работи поврзани со изградбата на болниците во Асти и Савона...

Општинските манифестации во рацете на невладини организации

автор: Весна Коловска сторијата е оригинално објавена на страницата на Канал77   Како бомба во јавноста одекна веста дека полицијата му поднесе кривична пријава на претседателот на граѓанското здружение „Пастрмалијада 2013“, под сомение за проневера на пари од Пастрмалијадата во 2013-та и 2014-та година. Според пријавата на СВР Штип до Основното јавно обвинителство, „пријавениот А.Ѓ. во периодот од 11.09.2013 година заклучно со месец октомври 2014 година како одговорно лице, Претседател на здружение на граѓани „Пастрамалијада 2013“ Штип и овластено лице во правниот промет, ја искористил службената положба и овластување и без донесување на писмени одлуки од страна на органите на здружението, незаконски потрошил вкупно 2.718.805 денари по различни основи. Пријавениот во повеќе наврати противправно присвоил за себе 396.700 денари, на начин што еден дел во износ од 259.800 денари ги префрлил на сметка на Здружението на трансакциски сметки на...

Половина милион евра граѓански пари за дно на прволигашката табела

автор: Виолета Кожинкова сторијата е оригинално објавена на страната на ТВ Ирис   „Општина Штип се сочува со сериозни финансиски проблеми. Долгот на општината ја надминува сумата од два милиони  евра“, беше првата изјава на Илчо Захариев, откако ја презеде градоначалничката функција на Штип. Година и половина по оваа изјава, за финансиската кондиција на општината и натаму вели дека е загрижувачка, но неодамна потпиша ребаланс на општинскиот буџет, од каде со претходно одобрените средства, околу 280.000 евра одат во касата на Друштвото за спортски дејности  „Брегалница 2008“ АД, кое го раководи фудбалскиот клуб „Брегалница“. По есенското коло овој фудбалски клуб се бори за опстанок, на претпоследното место. Но што е тоа што локалната власт и натаму ја мотивира да вложува во „вреќа без дно“? Потегот на оваа локална власт не се разликува од која било претходна. Речиси сите владејачки гарнитури...

САХАРА ВО МАКЕДОНИЈА: НЕДОВРШЕНИТЕ ПЛАНОВИ НА ЕДЕН КОНТРАВЕРЗЕН БИЗНИСМЕН

Автори: Џелал Незири, Жаклина Хаџи-зафирова, Александар Божиновски     Со широка насмевка и преполн со оптимизам, како актер од боливудските филмови, во јуни 2012 година во Македонија дојде Субрата Рој, 66-годишен контроверзен бизнисмен од Индија. Облечен во бела кошула со кратки ракави и со црн јелек, едно помодерно издание на индиската традиционална облека, тој во Македонија беше претставен како спасител на домашната економија.   Се сретна со поголемиот дел од министрите, со градоначалникот на Охрид и со премиерот Никола Груевски. Неговите планови, кои беа обелоденети по средбите, предвидуваа изградба на туристички комплекс на охридското крајбрежје, фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. Со овие и останатите најавени инвестиции се очекуваше вработувања на над 3 илјади невработени во Македонија. Се оценуваше дека ова ќе значи голем успех за земја со околу 30 отсто невработеност....

Оставете коментар

коментар(и)