ПОМАЛКУ ВИДЛИВАТА СТРАНА НА ПАНДЕМИЈАТА

Предизвиците со Коронавирусот се големи за сите, а најголеми за ранливите групи граѓан на кои справувањето со проблемите им е дополнително отежнато. Секојдневието на ранливите категории во време на корона кризата. Вонредната состојба ја ограничи социјалната комуникација. Оваа констатација посебно ги погоди социјално ранливите и луѓето со посебности, со социјални и здравствени нееднаквости како инвалидизираните, оние со оштетен слух и вид и сите други на кои, во односс на останатите граѓани, обичната дневна комуникација им е доста комплицирана. Во ова пандемиско време физичката дистанца која се покажа како најефикасна одбрана од корона вирусот, е една од најголемите препреки на оние кои преку допир го осознаваат просторот. Лицата со оштетен слух и со оштетен вид. Тие се посебно загрижени за тоа какви предизвици ги чекаат надвор од нивните домови кога недоволната совесност кај своите сограѓани им е поголема опасност од...

ЗДРАВСТВО ВО ВРЕМЕ НА КОВИД19: ПОГЛЕД ОД ВНАТРЕ

Актуелната ситуација со пандемијата на Ковид 19 од корен ги измести досегашните практики во македонското здравство. Затворениот Мој термин им наметна главоболки на матичните доктори кои беа ставени меѓу желбата да им помогнат на своите пациенти и неможноста да ја пружат потребната здравствена услуга. Пандемијата со Ковид-19 целосно го поремети кревкиот здравствен систем во земјата.      Здравствените авторитети потврдуваат дека промените во здравствениот систем биле нужни. Од затворање клиники и одложување операции. Актелната ситуација во македонските здравствени установи е: празни болнички ходници, преполно инфективно, мобилизиција на целокупниот персонал, преадаптација на болничките оделенија. Земјава, како и многу други држави не беше баш подготвена за ненајавената пандемија Ковид 19. „Оваа половина година ги истакнаа и досегашните 20 годишни проблеми што ние ги имаме. Проблемите наречени закажување и проблемите наречени услови во кои работиме. Јас работам во амбуланта која нема санитарен чвор...

МЕЃУ ОБВРСКАТА ЗА РАБОТА И ОПАСНОСТА ПО ЖИВОТОТ

Под притисок на јавноста Владата не ја преиначи вњеќе прифати препораката на Комисијата за заразни болести и го одложи почетокот на одење на работа на хронично болните граѓани. „Здравјето пред се`, нели? Пандемијата со Корона вирусот ги измести ситре пред пандемски правила и навики во сите сегменти од живот. Во економијата, образованието, спортот, културата, социјалниот живот. За здравјето и да не говориме. Последново, здравјето, оваа најкруцијална област за едно здраво современо општество веѓе ги нагласува големит6е последици по здравствениоте системиу  не само кај нас. Но  во нашата држава како земја со скромни економслки со тоа и здравственни потенцијали, последиците ќе бидат уште понагласени. Познато е дека Корона вирусот најмногу ги погодува хронично болните. Во Република Северна Македонија, деновиве една здравственма статистика објави дека се евидентирани дури преку стотина илјади пациенти со хронични болести од сите виодови. Секако повеќерто од...

Повик за истражувачки стории

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со партнерите Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА.  Следствено, истражувачките стории треба да опфатат една или повеќе области од следниве поттеми: Појавни облици на случаи на корупција (индиции за нерационално трошење на јавните пари, злоупотреба на службена должност, непотизам и клиентелизам); Институции и надлежни тела со мандат за сузбивање или превенција на корупција (покренати случаи од институциите, функционалност и успешност во справувањето со корупција како и отчетност на истите); Детектирање на коруптивни дејствија во постапки за отуѓување на градежно (изградено и неизградено) земјиште, приватизација и закуп на градежно земјиште, денационализација и експропријација. Буџетот со кој ќе располагаат избраните кандидати изнесува 1350 евра...

ИЗВЕШТАЈ НА ГИ: „ЦРНИТЕ АКТОВКИ“ И КЕШОТ СЕ УШТЕ ПРИСУТНИ ВО ПОЛИТИКАТА НА С.МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И КОСОВО

Обемот на Нелегалните финансиски текови (НФТ) во Северна Македонија, Албанија и Косово е голем и дека тие се овозможени преку голем број структурни одлики на земјите од регионот: нивната поврзаност; нивните големи неформални економии со удел од 30–40% во сите три земји; и целокупната слабост на државата, државните институции и демократските култури. Ова се наведува во најновиот извештај на организацијата „Глобал Инишијатив“ (ГИ), со седиште во Виена, со наслов „ НЕЛЕГАЛНИ ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ВО АЛБАНИЈА, КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Клучни причинители и моментални трендови“.   Географски, се вели во извештајот, регионот долго време служел како влезна рута меѓу Азија и Европа за лекови, мигранти и голем број на трговски стоки. „И покрај техничкиот напредок постигнат во согласност со рамките против перење пари и за спречување финансирање тероризам (ППП/СФТ), како и унапредувањето на мерките за борба против корупцијата и...

О Г Л А С за пријавување на практиканти/волонтери од областа на новинарството

Здружението-Центар за истражувачко новинарство СКУП-МАКЕДОНИЈА Скопје, има потреба од тројца практиканти/волонтери од областа на новинарството ( пишување на информативни содржини, вести, извештаи, стории, колумни и сл.) Огласот ќе трае во период од 09.07.2020-31.07.2020 година. Пријавените кандидати треба да имаат завршено најмалку средно образование- ССС или факултет-ВСС, а предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено студии по новинарство, или се уште студираат во наведената област. -За волонтерската работа ќе се обезбеди соодветен надомест. Ги молиме сите заинтересирани кандидати, своите апликации во форма на кратка биографија ( CV ) да ги доставите на следниов e-mail: scoop.macedonia@gmail.com

Оставете коментар

коментар(и)