ОХРИД УРБАНО ДИВЕЕ – НА ИСПИТ Е УНЕСКО

Хаотично се градат секакви објекти за кои претходно не е решена ниту инфраструктурата што е директна опасност од одлевање на одводните, па и на фекалните води во самото езеро. Георгиевски: Проблемот е многу сложен и бара институционален пристап на ниво на држава. Крстановски: Човекот е дел од приородата, но еве токму човекот не ги почитува природните законитости. Насловот, секако, е пародичен. Потребна му е инверзија во смисла: „Охрид е на испит пред УНЕСКО, а не УНЕСКО пред Охрид. Но, каква е актуелната ситуација со дивоградбите во Охрид, предупредувањата од УНЕСКО дека ако ваквата урбанизација продолжи градот ќе ја изгуби довербата на меѓународно заштитен град, е мошне извесна. За темава, репорерот на СКУП стапна во Охрид. Во овој напис, неколку потсетувања за градот, неколку прашања за надлежните и загрижените и неколку новинарски констатации: Охрид, главната туристичка дестинација во Република Северна...

СОБРАНИСКИТЕ ПОРТИ – АЛИБАБИНА ПЕШТЕРА

Парламентот e поволна институција за тргување со влијание. Тоа на пратениците им дава можност за незаконско богатење. Како што вели народната, „волкот го менува крзното ама не и карактерот. Јавноста е недвојбено убедена дека патот до собраниските порти е најкраткиот пат за збогатување. И дека таа привилегија ја имаат народните избраници. Тимот на СКУП центар за истражувачко новинарство дојде до податоци кои велат дека пратениците што го завршија својот мандат во 2020 година, пријавиле имот вреден вкупно 32,6 милиони евра. 23 милиони евра тежи имотот на пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно. Најбогати пратеници има пратеничката група на СДСМ. Тие пријавиле имот од 13,6 милиони евра. Следуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со евидентиран имот од 9,4 милиони евра. Сумата е веројатно ,поголема зашто неколкумина пратеници не пополниле иметен лист кај Дежавната комисија за спречување корупција. Десет пратеници на ДУИ, Демократска...

ДИВИ ГРАДБИ – ДИВА ДРЖАВА

Езерото е дар од бога, а Охрид е обрска од цивилизациското наследство. Оставено ни е нам, на денешните генерации, да ги чуваме и негуваме. Најголем број бесправно изградени објекти и тоа 98.4 %, се во приватна сопственост. Насловот на оваа новинарска приказна е мошне груб зашто се однесува на мојата, на ваѓата, на наѓшатадржава. Но стварносдта е сурова. Моѓеме одвреме навреме да ја зашминкаме, но под тенкииот слој на шминката сепак ќе излезе стварнотса. Убавото или грдотолице на стварнота. Кога се говори за дивоградби секогаш тоа се однесува на грдото лице. Кога се зборува за Охрид, тој бисер македонски, тогаш грдото е толку грдо што не ќе моѓе да го покрие ниту една шминка освен конечно ставањето ред на охридската  урбаницација, на градот на УНЕСКО. Но, каква е сега стварностра? Одоворот на ова прашање во еден дел, само во...

ПАРИ – МОЌ – МОЌ – ПАРИ

                                                                                                       ноември – 1. – scoop Изборите поминаа, но многу прашања останаа неодговорени како, на пример,  колку пари поминале низ посебните партиски сметки и имало ли услуги кои се платени со суви пари. Парите потрошени на избори најчесто се во директен сооднос со изборните резултати. Во Република Северна Македонија финансирањето на политичките партии е еден од основните извори на корупција во државата. Изборниот простор е кругот од насловот: пари – моќ – моќ – пари. Оваа полипартиска филозофија егзистира веќе цели 30 годи. Се врти коруптивниот круг во борбата за власт, во  борбата за државниот буџет. Во тие два постулати е концентрирана целата македонска партиска предизборна енергија. Значи, пари, избори, победа, државен буџет. Овде, во Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, поискусните новинари од поодамна ја истражуваат корупцијата во политичките партии. За оваа сторија тоа го направивме и сега...

АДИ воспостави локални мрежи за мултикултирализам

Во рамките на Акцискиот грант од Цивика Мобилитас, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ)  воспостави четири локални мрежи за застапување на мултикултурни политики.  Во Гостивар, Брвеница, Врапчиште и Тетово се воспоставени мрежи сочинети од претставници на локални граѓански организации и неформални групи, локални институции и Комисија за односи меѓу заедниците (КОМЗ). Целта на мрежите е преку неформално здружување да се дискутираат и иницираат промени кои се однесуваат на мултикултурниот соживот во заедницата. АДИ изработи и Индекс на мултикултурализам, каде преку мултикултурен профил на општините, се анализирани четири клучни сфери: локална самоуправа и пристап до јавни услуги, интеграција и градење интеркултурни компетенции во рамки на образовниот систем, култура, граѓанско општество и социјална кохезија. Секоја од општините вклучена во акцијата во рамките на Индексот доби свој профил, каде се наведени посилните страни и областите каде што има простор за подобрување. Подготвени се...

ВО ЕВРОПА И ПРЕКУ ПАРКИНГ ЗА ТРУДНИЦИ

Посебни паркинг места за трудници и за семејствата со деца до тригодишна возраст стратуваат во Скопје и Велес. Хумани практики полека стасуваат и кај нас – на патот за Европа и преку парконг за возачи трудници и за возачи родители на мали деца. Проектот на неколкуре министерства, факултетот зџа безбедност и Автомо сојузот на Македонија за почеток во Скиопје и во  Велес почнува реализација за обезбедување паркинг места за идните мајки и за родителите со деца до тригодишна возраст. Веста го сврете вниманието на јавноста посебно поради фактот што ваквата потреба за резервирани парконг места за автомобили пред јавните установи, објектите на медицинските установи, рекреативните, спортските и трговските центри, е хумана потреба од посебно значење. Во земјава освен резервирани, посебно обележани паркинг места за автомобилите на  лицата со посебни потреби до неодамна не се ниту размислуваше за обезбедување паркинзи...

Оставете коментар

коментар(и)