Статии напишани од Администратор:
-
Бранко Ѓорѓевски: Робот може да ги чита вестите, но не може да ја замени суштината на новинарството
Вештачката интелигенција може значително да им ја олесни работата на новинарите преку брзо собирање и синтетизирање податоци, факти и аргументи, но не може да го замени она што е во сржта на професијата – способноста на новинарот да дојде до ексклузивна информација, оценува Бранко Ѓорѓевски, новинар во весникот „Вечер“. Во интервју за СКУП, Ѓорѓевски вели дека содржините добиени со помош на ВИ не треба автоматски да се преземаат и...
-
OpenAI притисна на кочница: Го паузира тренирањето на најновите модели по инцидентите со ВИ-агенти
OpenAI го паузира тренирањето на своите најнови модели на вештачка интелигенција додека воведува дополнителни безбедносни механизми, откако серија ВИ-агенти извршувале неочекувани активности на владини и други веб-страници, а во најмалку 53 случаи фотографии од корисници на ChatGPT биле пренесени на други места. Одлуката претставува значително заострување на реакцијата на компанијата на проблемите што излегоа на виделина во последните денови. OpenAI претходно соопшти дека истражува десетици случаи на неочекувано однесување...
-
Шест табори се борат за иднината на ВИ: Едни бараат забрзување, други предупредуваат на исчезнување на човештвото
Дебатата за иднината на вештачката интелигенција повеќе не се води само меѓу оние што ја поддржуваат и оние што се плашат од неа. Во технолошката индустрија, академската заедница и американската политика се формираат повеќе табори – од оние што бараат максимално забрзување на развојот, до истражувачи кои предупредуваат дека создавањето суперинтелигентни системи може да донесе катастрофални последици. Поделбите дополнително се продлабочија во септември, откако истражувачот Џејкоб Коксон јавно ја...
-
Борис Георгиевски: ВИ се злоупотребува за вести и неетички монтажи, потребни се јасни правила
Во интервју за СКУП, Георгиевски предупредува на практиката на дел од медиумите да користат ВИ за создавање вести и информации, како и за неетички монтажи на фотографии и видеа. Проблем гледа и во користењето на технологијата за преведување и обработка на текстови без соодветна проверка на крајната содржина. Злоупотребата на вештачката интелигенција и нејзината некритичка и непрофесионална употреба се меѓу главните предизвици со кои денес се соочува новинарството, оценува...
-
ИНТЕРВЈУ / Слободанка Блажевска: Хиперпродукцијата на вести со ВИ може да ја уништи довербата во новинарството
Вештачката интелигенција за комерцијалните медиуми може да стане начин за намалување на трошоците преку замена на новинарите, но таквиот пристап носи ризик од губење на духот на новинарското известување и на довербата на публиката, оценува новинарката Слободанка Блажевска од Канал 77. Во интервју за СКУП, Блажевска вели дека ВИ треба да остане техничка помош за новинарите, а не извор кој ќе го замени човекот. Според неа, технологијата не може...
-
ВИ излезе од зададените рамки: Агенти на OpenAI влегувале во владини системи и пренесувале фотографии
ВИ-агенти на OpenAI пристапувале до веб-страници на американски владини институции, во некои случаи се обидувале да ги заобиколат безбедносните контроли, а во најмалку 53 случаи пренеле фотографии од корисници на ChatGPT на други локации, покажува истрага што отвора нови прашања за контролата врз автономните системи со вештачка интелигенција. OpenAI соопшти дека предупредил десетици влади, универзитети, јавни агенции и други организации низ светот дека неговите ВИ-агенти можеби несоодветно комуницирале со...
-
ИНТЕРВЈУ / Ѕвездан Георгиевски: ВИ е корисна алатка, но мрзеливоста го „убива“ новинарскиот стил
Вештачката интелигенција може за неколку секунди да му заврши на новинарот работа за која претходно биле потребни денови, но некритичкото преземање на нејзините содржини може да ги „убие“ новинарскиот стил и љубопитноста, оценува истакнатиот македонски новинар, уредник, и колумнист Ѕвездан Георгиевски. Во интервју за СКУП, Георгиевски вели дека ВИ ја користи во својата работа и ја смета за напредна и корисна алатка, но предупредува дека нејзините одговори мора задолжително...
-
ИНТЕРВЈУ / Даниела Трпчевска: ВИ може да биде асистент, но уредувачката одлука мора да остане кај новинарот
Вештачката интелигенција може значително да го забрза производството на медиумски содржини, но технологијата не може да ги замени клучните вредности на професионалното новинарство – човечката емпатија, проверката на фактите на терен, критичкото интервју и длабинската анализа на општествените проблеми, оценува новинарката Даниела Трпчевска. Во интервју за СКУП, Трпчевска посочува дека иднината на македонските медиуми ќе зависи од нивната способност паметно да ги прифатат новите технологии, без притоа да ги...




