ИЕ 3: Ковачки најбогат, Лукаревска не пријавила вредност на имотот
Во нашето истражување ги аналзиравме анкетните листови на тројца од четворицата носители на пратенички листи во изборната единица 3 чија вкупна вредност изнесува 232.455 илјади евра. Изработил: Тим на СКУП Македонија Граѓаните на изборите во мај ќе бираат помеѓу четири пратенички листи во изборната единица 3. Носител на СДСМ во „тројка“ е Сања Лукаревска, Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, Борислав Крмов од Левица, а прв на листата од Движењето ЗНАМ во „тројката“ е Павле Арсовски. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ прв на листата најбогати носители во изборна единица 3 Кандидатот за пратеник и носител на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во „тројка“ и член на извршниот комитет на партијата е најбогат помеѓу четворицата носители на кандидатски листи. Според анализата на пријавениот анкетен лист Ковачки „тежи“ 115.407 илјади евра. Тој на свое име пријавил, стан од 66м2, подрум и гаража во Скопје, градежно земјиште...