Бектеши има скоро 2 милиони евра, а Љупчо Николовски побогат за 100.000 евра
• Бектеши, Меџити, Бесими, Шаќири и Шукова се најбогатите министри и заедно тежат околу 5.370.000 евра. • Тренчевска, Лога, Спасовски, Маричиќ и Костадиновска Стојчевска се најсиромашните министри, при што заедно поседуваат само 486 илјади евра. • Министерот Спасовски и министерката Костадиновска Стојчевска ја немаат наведено вредноста за поголемиот дел од нивните имоти • Истражувањето на СКУП во рамките на проектот „How wealthy they are“ покажува дека функционерите во Македонија располагаат со шаренолики имотни состојби. Пишува: Кристијан Трајчов Колку „тежи“ Владата предводена од СДСМ и ДУИ? Кои пет министри се најбогати а кои најсиромашни? Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, во рамките на проектот ПЕП, ги анализираше податоците од имотните листи на членовите на Владата каде се утврди дека вредноста на Владата изнесува вртоглави 8,991,506 евра. За споредба, Владата која беше на чело со Зоран Заев вредеше 12,976,942 евра. Што се...