Соларната експанзија во енергетиката ги уништува земјоделските површини

Пишува: Миле Ѓорѓиоски Екипа на СКУП Македонија Северна Македонија веќе има над 30% инсталиран капацитет за обновливи извори на енергија. Ако се реализираат и најавите за инвестиции на неколку големи компании повеќе од половината инсталирани капацитети ќе бидат од обновливи извори на енергија. Ентузијазмот ги држи инвеститорите и понатаму, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. „Има огромен интерес за изградба на фотоволтаици. Од први јануари до денес имаме издадено дозволи за 164 мегавати инсталиран капацитет на фотоволтаици и од минатата година, тоа ќе дојде околу 280 мегавати. Тоа е капацитет што е половина од капацитетот на РЕК Битола, со тоа што бројот на часови на работа на РЕК Битола е 3 пати поголем“, вели Бислимовски. Тој додава дека ако се направат големите инвестиции што се најавуваат Акула 400 мегавати во Штипско, ветерницата во Крива Паланка и...

Општините незаинтересирани и неподготвени за климатските промени

Пишува: Александар Писарев Разочарувачки мал дел на општини имаат издвоено средства за справување со климатските промени. Само 10 отсто од општините предвиделе средства за оваа намена, и тоа најчесто е за некаква конкретна активност. Општина Делчево издвоила 8.000 евра за прочистување на коритото на Реката Брегалница додека Општина Виница има предвидено пари за плаќање на фактура на компанија која ја третирала депонијата со метода на алги, за да се угасне пожарот на самата депонија. Ова се само дел од резултатите на истражувањето на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, кое покажа дека многу малку пари се издвојуваат за одговор на климатските промени, кои најчесто се користат за популистички проекти. Иако испративме барања за слободен пристап до информациите од јавен карактер до сите општини во земјава, одговорија само 40-тина од вкупно 80 општини. Од нив, само кај 8 имаше предвидено ставки...

Државата не инвестира во справување со климатските промени

Кристијан Караџовски Екипа на СКУП Македонија Пожари, поплави, нестандардно однесување на природата. Ова се дел од секојдневните последици од климатските промени. Светот е исправен пред голем предизвик. Се прават сериозни напори и се вложуваат огромни инвестиции за да се намалат последиците од глобалното затоплување. Ако светот не дејствува одлучно и брзо за да го смени овој тренд, ризикуваме од опасно високи температури и ескалација на трошоците. Тоа за кое треба да се бориме сега е задржување на затоплувањето на само 1,5 степени или пониско. Северна Македонија засега има донесено стратегија за намалување на загадувачките емисии во која стратегија, во која се вели дека во следните 27 години мора да намалиме за повеќе од 2/3 од стакленичките гасови. „Намалување на националните нето емисии на стакленички гасови (без вклучени МЕМО емисии односно емисии од авионите) за 72% до 2050 година во...

ОД СЛАМА И АРПА ДО СТРУЈА И НАЗАД ДО ЕКО АМБИЕНТ

  Александар Георгиев Екипа на СКУП Македонија   „Во пожар изгоре земјоделска механизација кај село Мојанци кочанско“! Ова е насловот на веста што на 17-ти јануари оваа година ја објавија македонските медиуми. Во неа уште се додава дека пожарот се уште беснее и дека нај сериозна е состојбата меѓу селата Грдовци, Мојанци и Горни Подлог каде што во опасност де доведени повеќе семејни куќи. Ваква или слични вести во кочанскиот регион  се повторуваат речиси секоја година. Поради палење на стрништата, на оризовата слама после жетвата, немајќи друго решение како да се ослободат од неа за да ја подготват почвата за нова сеидба, и покрај забраната и високите казни, дел од земјоделците преку палење на сламата се ослободуваат од непотребниот проблем. „Немам што да и правам на сламата. Таа не е сува, да ја изнесам од нивата, а и да...

Донациите пресудни за опстанокот на националните паркови

  автор: Весна Колоска и екипа на СКУП Македонија   Цели 10 години трае патешествието на Шар Планина до нејзиното прогласување за четврти национален парк во земјава. Настан, кој со изгласувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк наиде на серија позитивни реакции кај екологистите во државава, но и пошироко. Уште повеќе поради фактот што целиот процес беше воден со поддршка од Програмата на Обединети Нации за животна средина (УНЕП). Иако формиран како резултат на напорите на државата и УНЕП, сепак, на овој национален парк, кој е дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат со ендемичен растителен и животински свет му претстои истата судбина како и на другите национални паркови. А, тоа е дека иднината на неговото функционирање, како и на другите национални паркови веројатно ќе зависи во...

Медиумите мета на странски влијанија, политички пресметки и бизнис интереси

Пишува: Александар Божиновски Во Македонија ретки се медиумите кои егзистираат само од довербата  и популарноста на својата публика, а тие што работат така се во секојдневен грч за преживување. Карактеристично во последните 15 години е продорот на српски, албански, турски и унгарски медиуми. Во последно време има тенденција за влез и на медиуми од Бугарија. Истражувањето на СКУП покажа дека поголемиот дел од медиумите се во сопственост на државјани на Македонија. Според документите добиени од Централниот регистар на Македонија (ЦРМ), ниту еден медиум не фигурира во сопственост поединец или на компанија со капитал од недемократски земји, како Русија и Кина, кои се смета дека може да имаат и штетно влијание во земјата. Според анализата на Македонскиот институт на медиуми (МИМ) Сопственички и финансиски модели на највлијателните ТВ-канали во Македонија, во Хрватска и во Словенија, сопственоста на медиумите во Македонија е...

Оставете коментар

коментар(и)