Награда за истражувачка сторија на фондацијата “Душко Јовановиќ“

Фондацијата „Душко Јовановиќ“ распишува конкурас за награда за најдобра истражувачка сторија. Заинтересираните новинари и граѓани можат да се пријават да овој линк.

ОГЛАС ЗА РАБОТА ВО СКУП МАКЕДОНИЈА

ОГЛАС ЗА РАБОТА     Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија има потреба од еден административно финансиски менаџер. Работното место е на определено време, со можност за продолжување. Кандидатот треба да има искуство во водење проекти поддржани од Европската унија, што подразбира добро познавање на регулативите од ПРАГ Покрај ова, предност ќе имаат кандидатите кои имаат професионално познавање од: -Изработка на финансиски извештаи -Работата со програмите Ворд, Ексел и Акробат -Електронско банкарство -Позитивните законски прописи -Смисла за организација и тимска работа -Амбиција за постојан напредок бидејќи СКУП нуди можност да се стигне до највисоките позиции во организацијата   Корисно е кандидатите да имаат препораки кои можат да се проверат. Знаењето ќе биде проверено во текот на интервјуто. Плата: 500 евра CV да се прати на aleksandar@scoop.mk Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Огласот трае до 22 февруари.

Новинарите што известуваа од Собранието на 27 април ќе ја тужат државата

Петнаесет новинари ја покренуваат иницијативата за тужба против државата за надомест на штета. Велат дека на 27 април тие ја вршеле својата работа, а со тоа и спречиле посериозни последици. За тужбата имаат обезбедено адвокатски тим, кој иако ќе ги застапува про-боно, судските трошоци ќе ги покријат самите. „Во консултации со правен тим, Согласно член 166 за облигациони односи, ја покренуваме оваа иницијатива. Со граѓанска постапка сакаме да се утврди одговорноста на поединци кои што со преземање или непреземање одредени дејства придонеле до настаната ситуација“ – изјави новинарот Боби Христов, кој што е дел од иницијаторите. Во однос на барањето за надомест на штета и сите други детали, новинарите велат дека ќе бидат со меѓусебен договор. Ги повикаа сите колеги новинари, фотографери и сниматели кои биле дел од известувањето за настаните на 27 април да се приклучат кон иницијативата....

Повик за истражувачки стории

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со партнерите Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА.  Буџетот со кој ќе располагаат избраните кандидати изнесува 1350 евра (во денарската противредност) по сторија. На овој повик ќе бидат избрани предлозите на тројца кандидати. Кандидатите можат да бидат вработени новинари, слободни новинари или активисти на граѓански организации. Еден кандидат може да учествува со максимум една предлог сторија. Наредните две години ќе бидат објавени уште четири повици. Изборот го врши Комисија со бодување на апликациите, врз база на барањата наведени во онлајн апликацијата (наведена подолу). Само избраните кандидати ќе бидат контактирани. Рокот за изработка на сториите е три месеци од денот на потпишување на...

Отворен Истражувачкиот филмски фестивал во Скопје

Документарниот филм „Дрисла: Не смрди само ѓубрето“ во продукција на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија ќе се емитува денеска, со почеток во 17.30 часот во Кино Култура во Скопје. Филмот се емитува во рамките на Истражувачкиот филмски фестивал, кој е во организација на Платформата за истражувачкото новинарство и анализи и партнерите ФЕС, а се одржува втора година по ред. На фестивалот ќе се прикажуваат и други документарни странски и домашни филмови, а присутните ќе имаат можност и да учествуваат и на серијата дебати и работилници на различни теми поврзани со новинарството на кои ќе учествуваат домашни и странски гости. Фестивалот беше отворен вчера, а ќе трае три дена. За второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал –Скопје ќе ја разгледува темата за ,,Лажни вести”. ,,Мислам дека е многу  важно да имаме  време и простор  во кој што малку ќе...

Телма и Алсат најхрабро против корупцијата

Ова го покажа истражувањето чии резултати беа соопштени денеска во ЕУ Инфо центарот како дел од проектот „Заедно во борба против корупцијата“ кој го реализираа Центар за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“,  Институтот за човекови права и „Медиум“ – центар за развој на локални телевизии. Мониторингот е составен од квантитативна и квалитативна анализа која покажа колкав простор отстапуваат медиумите за теми поврзани со корупција, како новинарите известуваат за истите и како се третираат овие теми. Следени се централните вести на пет национални телевизии: Телма, Алсат, МТВ1, МТВ2 и Сител во период од 90 дена, од 13 април до 13 јули 2018 година. Анализирани се 406 прилози. „Резултатите од истражувањето покажуваат дека телевизиите „Телма“ и Алсат М освен што најчесто објавуваат прилози поврзани со корупција, истите траат најдолго и во нив се вклучени три или повеќе извори. Тоа не е...

Оставете коментар

коментар(и)