
Фестивалот беше организиран од организацијата Платформата за истражувачко новинарство и анализи ПИНА која се залага за промоција и зајакнување на истражувачкото новинарство и професионалноста во медиумската средина во Македонија. ,,Нашите очекувања се дека овој фестивал ќе придонесе да се подобри состојбата во истражувачкото новинарство во Македонија. Да се подобри општо состојбата на новинарите и медиумите и ќе претставува еден вид мост помеѓу нашата медиумска сцена и медиумската сцена во Европа, регионот, САД итн.” – изјави Кристина Озимец, претседателка на ПИНА Дебата: ,,Укажувчи” таjни играчи кои можат да ја променат историјата Модератор – Сашка Цветковска Говорници: Павлина Зефиќ, Денис Ампев, Беноа Бринже, Алесија Черантола, Бети Медсгер од САД и Ѓорѓи Лазаревски. Се дебатираше кои се мотивите и поттикот зад одлуката да се стане укажувач, дали да се премолчи или да се укаже. На оваа тема, Ѓорѓи Лазаревски, го сподели своето...