Кога критичкиот текст станува лична закана: новинарките под сè поголем дигитален притисок

Осум од десет новинарки во Македонија се соочиле со онлајн вознемирување поради својата работа Навреди, говор на омраза, сексистички коментари, закани и организирани напади се дел од дигиталниот притисок со кој се соочуваат новинарките во Северна Македонија, а податоците покажуваат дека проблемот е широко распространет и често останува непријавен. Истражување на Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), спроведено во 2022 година со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, покажало дека 81,6 проценти од 103 анкетирани новинарки искусиле некаква форма на онлајн вознемирување поради својата работа. Речиси половина од нив, или 43,7 проценти, не го пријавиле случајот никаде. Најчеста форма на напад бил говорот на омраза, со кој се соочиле 69 проценти од испитаничките. Сексистички навреди пријавиле 51,7 проценти, а шовинистички напади 43,7 проценти. Во 24,1 процент од случаите нападите вклучувале закани со физичко насилство, додека 19,5 проценти...

Може ли вештачката интелигенција да нè затвори во комуникациски балон?

Дали алатките базирани на вештачка интелигенција можат да ги затворат корисниците во комуникациски балон, да го ограничат пристапот до различни ставови и на тој начин да влијаат врз слободата на мислење, беа дел од прашањата отворени на третата тренинг-сесија за ВИ со професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Дискусијата беше насочена кон придобивките, но и кон ризиците што ги носи сè поголемата употреба на ВИ-алатките во секојдневната комуникација и пристапот до информации. Кога персонализацијата станува ограничување? Вештачката интелигенција може да им помогне на корисниците побрзо да дојдат до релевантни информации, да обработат големи количини податоци и да добијат содржини приспособени на нивните потреби. Но, токму персонализацијата отвора и важни прашања: дали постојаното добивање содржини приспособени на интересите и претходното однесување може постепено да го намали контактот со различни ставови и перспективи? На сесијата се дискутираше за границата...

Вештачката интелигенција ќе го промени новинарството како што тоа го направи интернетот

Вештачката интелигенција ќе го промени начинот на кој функционираат редакциите, ќе влијае врз новинарската креативност и ќе отвори нови професионални и етички предизвици, слично на трансформацијата што ја предизвика појавата на интернетот. Ова беа дел од главните поенти на седмата сесија од серијата тренинзи за вештачка интелигенција, одржана со професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Сесијата беше посветена на значењето на вештачката интелигенција за редакциите и медиумите и на промените што новите технологии ги носат во процесот на создавање, обработка и дистрибуција на новинарски содржини. ВИ како нова пресвртница за медиумите Како што интернетот го промени начинот на кој новинарите собираат информации, комуницираат со изворите и стигнуваат до публиката, така генеративната ВИ отвора нова фаза во развојот на медиумите. Новата технологија може да помогне во истражувањето, анализата и обработката на големи количини информации, но истовремено отвора прашања...

Алгоритмите сè повеќе го обликуваат јавниот дискурс, медиумите и демократијата

Алгоритмите повеќе не се само технолошка алатка – тие влијаат врз продукцијата на културата, секојдневните социјални интеракции, ширењето информации и човековите предрасуди, но и врз медиумскиот простор, јавниот дискурс и степенот на демократичност во општествата. Ова беа дел од темите на четвртата сесија од серијата тренинзи посветени на вештачката интелигенција, одржана заедно со професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Сесијата беше фокусирана на значењето и влијанието на алгоритмите во контекст на комуникациите и медиумите, особено во услови кога сè поголем дел од информациите што стигнуваат до граѓаните се филтрираат, рангираат или препорачуваат преку автоматизирани системи. Кој одлучува што гледаме? Алгоритмите имаат сè поголемо влијание врз тоа кои информации добиваат видливост во дигиталниот простор, како се дистрибуираат медиумските содржини и на кој начин граѓаните комуницираат со нив. Нивната примена истовремено отвора прашања за можноста постојните предрасуди да бидат...

Северна Македонија прва пилот-земја во регионот за етичка примена на ВИ во новинарството

Северна Македонија е првата пилот-земја во регионот која, со поддршка на УНЕСКО, започнува процес на поврзување на универзитетите и медиумските редакции за одговорна и етичка примена на вештачката интелигенција во новинарството и медиумското образование. Активностите се спроведуваат преку СКУП-Македонија, во рамките на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки за вештачка интелигенција и медиумското покривање на ВИ преку образование по новинарство во Северна Македонија“, поддржан од Интернационалната програма за развој на комуникациите на УНЕСКО (IPDC). Проектот вклучува серија тренинзи и предавања наменети за новинари и уредници, со фокус на основите на ВИ, генеративните алатки и нивната употреба во медиумското известување, со посебен акцент на етичките принципи. Вукојевиќ: Медиумите се меѓу најпогодените од развојот на ВИ На првата сесија предаваше експертот за вештачка интелигенција Борислав Вукојевиќ од Универзитетот во Бања Лука. Тој оцени дека малку области се толку силно...

ВИ влегува во редакциите: СКУП-Македонија со нов прирачник поставува правила за новинарите

Вештачката интелигенција не треба да се сфаќа ниту како закана, ниту како апсолутно решение за предизвиците во медиумската сфера, туку како технологија што бара критичко разбирање, институционална одговорност и етичка зрелост. Ова е една од главните пораки на прирачникот „Етичка и професионална употреба на вештачка интелигенција во новинарството“, подготвен од Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Прирачникот укажува дека само преку јасни правила, транспарентни политики и развој на дигиталната и медиумската писменост, вештачката интелигенција може да стане алатка што ќе придонесе за поинформирано, поправедно и поинклузивно општество. Публикацијата е наменета за новинари, медиумски работници, истражувачи, студенти, институции, како и за сите што сакаат подобро да ги разберат етичките, правните и општествените аспекти на употребата на вештачката интелигенција. Посебен акцент е ставен на професионалната и одговорна примена на генеративните ВИ-алатки во новинарството, во период кога тие сè повеќе се користат...

Оставете коментар

коментар(и)