
За стан од 60 квадрати во Скопје се потребни 164 просечни плати, Софија е значително подостапна СКОПЈЕ, 13 септември – За купување стан од 60 квадратни метри во Скопје по просечните огласени цени би биле потребни околу 164 просечни месечни нето-плати, односно речиси 14 години целосна заработка, покажува споредбена анализа на шест балкански главни градови. Според анализата на BalkanView, високата цена на квадратен метар не е единствениот показател за достапноста на домувањето. Белград и Софија имаат поскапи станови од Скопје, но повисоките плати значително ја намалуваат тежината за локалните купувачи. Тирана, пак, се издвојува како еден од најтешките пазари во споредбата бидејќи растот на приходите не го следи темпото на цените на недвижностите. Пресметката е теоретска и претпоставува дека целата просечна нето-плата би се трошела исклучиво за стан, без трошоци за храна, сметки, транспорт, даноци или камати за станбен...