ГРУЕВСКИ ГИ ЗАКОПА ВО ВОДА – ШИЛЕГОВ ГИ ПОТОПИ НА СУВО

 Стручњаците, експертите од урбанисти и архитекти преку хидролози и геолози, предупредуваат на можни опасности од ерозоја на брегот во деловите каде што овие објекти се лоцирани па се до поплави какви што градот веќе ги памети. Како и да решат судот, сопствениците и градските власти, од непромислени урбани потези, како и секогаш досега, на крајот од својот џеб цената ја плаќаат граѓаните. На 21-ви јули во 2014 година на реката Вардар во центарот на Скопје „заплови“ првата галија. Во место секако. Ресторант со хотелски капацитети. За кратко од реката никнаа уште две слични. Сето дел од контроверзниот проект „Скопје 20124“. Седум годино потоа, со одлука на градскиот совет, градоначалникот на Скопје Петрее Шилегов, оваа пролет како прва ја потпи галијата „Ројал Македонија“. Како и останатите две и таа функционираше како кафуле и мезе бар, но на услуга беше и...

ЗА КРАЈ НА ПАРТИСКИ ДИРЕКТОРИ – МЕРИТ СИСТЕМ ЗА МЕРЛИВ КВАЛИТЕТ

Доколку не се преземат радикални реформски резови, доколку МЕРИТ системот не стане основен критериум за мерлив квалитет на секој поединец, на органот и вкуно на целата админнистрација, ваквиот неефикасен и непродуктивен балон може лесно да пукне. Од избори во избори, од парламентарни до локални, администрацијата се дуе како балон. Во соработка со невладиниот сектор Министерството за информатичко општество и администрација уште во 2018-та година изготви Предлог на законот за висока раководна служба. Целта на законот е професионализација на администрацијата со избор на директори преку јавни конкурси. Тоа значи наместо политичките партии, функционерите од третиот ешалон да бидат избирани од страна на непартиски комисии сочинети од соодветни струкови професионалци. Но, законот остана во фиоките на министерството. Дамјан Манчевски, министерот кој учествуваше во подготовка на законот, не е дел од новиот состав на Владата. Во декември 2019-та година тој го промовираше...

СКУП одбележа 10 години постоење

Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија денеска одбележува десетгодишнина од своето постоење. По тој повод на вкупно 10 новинари, медиуми и невладини организации, претседателот на СКУП, Зоран Иванов, им беа додели пофалници за поддршка, развој и унапредување на истражувачкото новинарство. Добитници на пофалниците се: Горан Лефков, Ирена Мулачка, Катерина Топалова, Васко Маглешов, Мери Јордановска, Маја Јовановска, весникот КОХА, 360 степени-Алсат, Центар за граѓански комуникации и КОД. СКУП е институционално поддржан во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

ИЗВОРОТ НА КОРУПЦИЈАТА СЕ ЈАВНИТЕ ПАРИ И ФУНКЦИИ

Едно е сигурно, без транспарентност и отчетност за трошењето, не може да се очекува рационално користење на јавни пари. Извор на корупцијата се јавните пари, државните буџети. И општинските, исто така. Како и парите со кои располагаата јавните претпријатија и сите други јавни институции и установи како агенцииите и разните државни комисии. Корупцијата е рак  рана за секја држава. Во развиените европски демократии благофдарејќи на високиот степен на самостојност на државните институции, на  нивната дистанца од политиката и политичките партии, корупцијата е контролирана и  евидентноказнива појава. Во државите со мал демократски капацитет, меѓутоа, меѓу кои се вбројува и нашата но, со поголеми или помали варијации и сите балкански држави, корупцијата е доминантното општествено зло. Оттука, за градење и  за одржување на здраво граѓанско општетсво многу е важна транспарентност при трошењата на јавните пари од страна на функционерите на сите...

БЕЗ СТРАНСКИ ДОНАЦИИ ЌЕ НЕМА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

За среќа, и натаму се присутни странските донации кои практично се главната кислородна подршка македонските НВО Граѓанскиот сектор често е мета на етикетирања и предрасуди, а всушност е еден од клучните двигатели на демократските процеси во општествата па и на нашето. Според искуствата од земјите со подолготрајна демократска треадиција, невладините организации и граѓанските здруженија имаат мошне значајна улога во градењето на демократското општество и во унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Меѓутоа, она што отсекогаш е основен проблем за непречено функционирање на оваа општествена област, е хроничниот недостиг од средства за финансирање на НВО и на нивните бројни и тематски разновидни актвности. За стабилно функционирање на невладините организации потребни се и стабилни извори на финансирање. Ова посебно во услови кога во нашата земја нема традиција на индивидуални донации, па невладините зависат главно од грантови од странски фондации. Стратегијата...

Центарот за управување со промени со препораки за подобрување на услугите за граѓаните

ЦУП во рамки на работната програма „Подобра испорака на јавни услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието“ работеше на испораката на јавните услуги, го меревме задоволството на граѓаните преку спроведени анкети и дадовме препораки за подобрување и модернизација (дигитализација) која е неопходна особено во услови на оваа криза која беше последица на пандемијата предизвикана од Ковид-19. Заедно со мрежата на граѓански организации спроведовме истражувања за испораката на јавни услуги на централно и локално ниво и ги срочивме во Збирката на истражувања. Направивме и истражување кое има за цел да даде оценка за отвореноста на институциите кон гласот на граѓаните, нивните повратни информации за услугите и мерење на задоволството, за која досегашните оценки на ЦУП покажаа дека не е на задоволително ниво, ја оценивме целисходноста на реализираните мерки во областа на јавните услуги во однос на мислењата и барањата...

Оставете коментар

коментар(и)