СКУП одбележа 10 години постоење

Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија денеска одбележува десетгодишнина од своето постоење. По тој повод на вкупно 10 новинари, медиуми и невладини организации, претседателот на СКУП, Зоран Иванов, им беа додели пофалници за поддршка, развој и унапредување на истражувачкото новинарство. Добитници на пофалниците се: Горан Лефков, Ирена Мулачка, Катерина Топалова, Васко Маглешов, Мери Јордановска, Маја Јовановска, весникот КОХА, 360 степени-Алсат, Центар за граѓански комуникации и КОД. СКУП е институционално поддржан во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

ИЗВОРОТ НА КОРУПЦИЈАТА СЕ ЈАВНИТЕ ПАРИ И ФУНКЦИИ

Едно е сигурно, без транспарентност и отчетност за трошењето, не може да се очекува рационално користење на јавни пари. Извор на корупцијата се јавните пари, државните буџети. И општинските, исто така. Како и парите со кои располагаата јавните претпријатија и сите други јавни институции и установи како агенцииите и разните државни комисии. Корупцијата е рак  рана за секја држава. Во развиените европски демократии благофдарејќи на високиот степен на самостојност на државните институции, на  нивната дистанца од политиката и политичките партии, корупцијата е контролирана и  евидентноказнива појава. Во државите со мал демократски капацитет, меѓутоа, меѓу кои се вбројува и нашата но, со поголеми или помали варијации и сите балкански држави, корупцијата е доминантното општествено зло. Оттука, за градење и  за одржување на здраво граѓанско општетсво многу е важна транспарентност при трошењата на јавните пари од страна на функционерите на сите...

БЕЗ СТРАНСКИ ДОНАЦИИ ЌЕ НЕМА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

За среќа, и натаму се присутни странските донации кои практично се главната кислородна подршка македонските НВО Граѓанскиот сектор често е мета на етикетирања и предрасуди, а всушност е еден од клучните двигатели на демократските процеси во општествата па и на нашето. Според искуствата од земјите со подолготрајна демократска треадиција, невладините организации и граѓанските здруженија имаат мошне значајна улога во градењето на демократското општество и во унапредувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Меѓутоа, она што отсекогаш е основен проблем за непречено функционирање на оваа општествена област, е хроничниот недостиг од средства за финансирање на НВО и на нивните бројни и тематски разновидни актвности. За стабилно функционирање на невладините организации потребни се и стабилни извори на финансирање. Ова посебно во услови кога во нашата земја нема традиција на индивидуални донации, па невладините зависат главно од грантови од странски фондации. Стратегијата...

Центарот за управување со промени со препораки за подобрување на услугите за граѓаните

ЦУП во рамки на работната програма „Подобра испорака на јавни услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието“ работеше на испораката на јавните услуги, го меревме задоволството на граѓаните преку спроведени анкети и дадовме препораки за подобрување и модернизација (дигитализација) која е неопходна особено во услови на оваа криза која беше последица на пандемијата предизвикана од Ковид-19. Заедно со мрежата на граѓански организации спроведовме истражувања за испораката на јавни услуги на централно и локално ниво и ги срочивме во Збирката на истражувања. Направивме и истражување кое има за цел да даде оценка за отвореноста на институциите кон гласот на граѓаните, нивните повратни информации за услугите и мерење на задоволството, за која досегашните оценки на ЦУП покажаа дека не е на задоволително ниво, ја оценивме целисходноста на реализираните мерки во областа на јавните услуги во однос на мислењата и барањата...

НА КРАЈОТ ПАНДЕМИЈАТА СЕПАК НАЈМНОГУ ЌЕ НАТЕЖНЕ ВРЗ ГРБОТ НА ДЕЦАТА И НИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Засега сите се согласни дека тоа што неминовно ќе избие на површина, ќе биде генерациската штета врз квалитетот на образовниот процес. Отсуството на дружење врсниците го преточија во онлајн пакости кои им ги дозволуваат несовршеноста на интернет платформата. Светската пандемија го погоди светот по сите линии. Жртвите веќе се бројат со деветцифрени бројки. За економијата и за штетите кои удираат и по егзистенцијата на луѓето и не станува збор. Страдаат сите. Па сепак, гледано перспективно, засега можеби незабележливо поради фактот што кобниот вирус по основ на здравјето, не ги допира најмладите, извесно е дека  на крајот од пандемијата на врвот од евидентираните штети ќе  бидат младите по основ на нивното образование и социјален живот. Во екот на нивниот развој, во времето на нивните училиштни години, врз нивниот грб се струполија сиасет видливи и невидливи грижи и проблеми. Училишните дворови...

ПАНДЕМИЈАТА ИМА СВОЈ КРАЈ, НО ДОТОГАШ ТРЕБА ДА СЕ СОЧУВААТ И ЖИВОТОТ И ЕКОНОМИЈАТА

И нашиот здравствен систем се соочи  со огромни проблеми, па ситуациите со се поголемиот број пациенти се решаваше кампањски, од ден на ден.     Битката со Короната и кај нас и во светот продолжува. Надежта е во вакцината. Но и овде државниот системот на Република Северна Македонија потфрли. Кога почна некаде во март, април минатата година, никој не можеше да претпостави дека светот ќе се најде во толку непријатна ситуација. Посебно  дека пандемијата ќер трае толку долго. Дека ќе страдаат толкумногу човечки животи, економијата, образобванието. Сликите од италијанските болници кои прикажуваа страотност кога пациените од Ковид 19 ги преплавуваа болничките ходници, а мртвитеги изнеесуваа како да е сстојба на фронт во бесмислена војна, го преплавија светот. Икај нас, иако здравствениот ситем и другите надлежни институции уверуваа дека кај нас оваа епидемија не може да добие толкави размери и дека е...

Оставете коментар

коментар(и)