Што остави зад себе Арбен Фетаи? Трошоци, имот и политички пресврти

Собранието во вторникот ја констатираше оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, со што формално заврши неговиот мандат во Владата по повеќемесечно отсуство од јавноста и од владините седници. Фетаи оставката ја поднесе на 1 јуни, наведувајќи дека функцијата ја напушта „со крената глава и чиста совест“. Неговото заминување доаѓа по период на политичка неизвесност, во кој не присуствуваше на владините седници, а премиерот Христијан Мицкоски претходно соопшти дека вицепремиерот размислува за враќање во Белгија. Но зад политичкото заминување остануваат прашања за резултатите од неговиот ресор, трошењето на јавните средства и неговата политичка иднина. Речиси 800.000 денари службени трошоци Според податоците кои Инбокс7 ги доби од Владата преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Фетаи во периодот од август 2024 до октомври 2025 година потрошил 797.942 денари буџетски средства за службени патувања, сместување и угостителски...

Павле Арсоски купувал оружје со вредност како едно чоколадо

Ријад Шаќири поседува дури три парчиња огнено оружје. Три парчиња пријавила на име на родител и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. Сопругот на пратеничката Благица Ласовска истотака поседува огнено оружје. Колкав е арсеналот на македонските пратеници? Изработил: Тим на СКУП МАкедонија Пратеникот на ЗНАМ, Павле Арсоски поседува колекција на оружје. Во анкетниот лист поднесен како пратеник во македонското Собрание, Арсоски пријавил дури пет огнени оружја, сите стекнати со договор за купување. Сомнително е што нивната вредност изразаена во македонски денари е многу мала, и се движи од 42 до 90 денари. Љубител на оружје е и неговиот колега, пратеникот од Алијанса за Албанците, Ријад Шаќири. Тој на свое име пријавил три оружја со вкупна вредност од близу 2.500 евра. Најскапото пријавено оружје му вреди илјада евра, а сите се три ги поседува со дозвола за поседување на оружје. Од...

Тројца македонски пратеници имаат „позлатени“ сопруги

Народните избраници љубители и на вредни уметнички предмети и скапа книжевна литература. ПратеницитеХалил Снопче, Елми Азири, и Сали Мурати пријавиле вредно злато и златен накит на име на своите брачни другари. Изработил: Тим на СКУП Македонија Сопругите на тројца македонски пратеници поседуваат злато и накит вреден илјадници евра, покажува новото истражување на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Сопругата на пратеникот Халил Снопче поседува накит вреден 15 илјади евра, стекнат со договор за подарок во 2019 година. Покрај накитот на име на брачен другар, Снопче на свое име пријавил уметнички предмети во вредност од 2.900 евра како и книжевна литература во износ од 2.500 евра, стекнати со договор за подарок во 2019 и 2010 година. И сопругата на пратеникот Елми Азири поседува вреден накит. Во анкетниот лист на име на брачен другар Азири пријавил вредно злато од скоро 10...

Македонија го ратификуваше Меѓународниот договор за размена на податоци за верификација на изјавите за имот

Најголемиот квалитет на овој договор е што ја проширува можноста за проверка на имотот на јавните службеници надвор од нивните земји. Во текстот на договорот се сугерира да се назначат антикорупциски тела како контакт точки за размена на овие податоци, но на секоја држава останува да утврди според тоа и да го извести депозитарот на овој договор со дипломатска нота кој орган ќе биде контактната точка на нејзината територија Пишува: Кристијан Трајчов Северна Македонија стана првата земја која го ратификуваше Меѓународниот договор за размена на податоци за верификација на изјавите за имот, кој беше развиен и преговаран под покровителство на Регионална антикорупциска иницијатива. Меѓународниот договор за размена на податоци за верификација на изјавите за имот има за цел да ја спречи и да се бори против корупцијата преку обезбедување директна административна размена на информации во врска со изјавите за...

Системот на ДКСК по грешка пратеникот Стојаноски го направи милионер

Грешка во софтверот на на ДКСК направи замена на имотните листови на неколку функционери. Дел од нив се и пратеници. Од ДКСК најавуваат грешки и во иднина кај одредени профили на функционери во нивната база Пишува: Кристијан Трајчов Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со погрешни податоци го пополни профилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, со што му нанесе штета на угледот. Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија во својата база за имотната состојба на пратениците ги превзеде погрешните податоци од ДКСК. На ова реагираше Стојаноски. Тој тврдеше дека се работи за проблем кој го има Државната комисија за спречување корупција и дека тој анкетен лист не е негов.Анкетниот лист кој претходно стоеше во базата на ДКСК под името на пратеникот Стојаноски вкупно изнесуваше 3.303.252 евра. Во него, стоеше дека наводно пратеникот Стојаноски на свое име пријавил...

СКУП Македонија продолжува со следењето на имотната состојба на функционерите

Почитувани, читатели и подржувачи на работата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Особена чест и задоволство ми е да споделам информација со вас дека нашата Организација и годинава продолжува со проектот „Колку се богати функционерите“. Веќе активно работиме на новата платформа, која треба да биде еден активен чинител и многу моќна алатка во превентивната борба против корупцијата. Тајнината или тајноста е мајка кај што се раѓа корупцијата. Таа најдобро се бори со јавност, односно јавно обелоденување на имотната состојба на функционерите. Корупцијата влегува во кривичните дела од економскиот криминалитет. Целта на секој корумпиран функционер е да оствари противправна имотна корист од корупцијата. Обзнанувањето и следењето на имотните состојби на функционерите, како прво ќе ги одврати од вршењето на некои коруптивни активности, второ кога веќе знаат дека нивната имотна состојба се следи потешко ќе се одлучуваат на таа корупција....

Оставете коментар

коментар(и)