Кој ја контролира полицијата? 635 вработени во МВР евидентирани како сторители во 439 кривични дела

Расте бројот на кривични дела меѓу вработените во МВР: 635 службеници евидентирани како сторители за помалку од четири години Кога граѓаните повикуваат полиција, очекуваат заштита и спроведување на законот. Но податоците на Министерството за внатрешни работи покажуваат раст на бројот на кривични дела во кои како сторители се евидентирани вработени во самото Министерство. Во периодот од 2022 до октомври 2025 година биле регистрирани вкупно 439 кривични дела, во кои...

За стан од 60 квадрати во Скопје се потребни 164 просечни плати, Софија е значително подостапна

За стан од 60 квадрати во Скопје се потребни 164 просечни плати, Софија е значително подостапна СКОПЈЕ, 13 септември – За купување стан од 60 квадратни метри во Скопје по просечните огласени цени би биле потребни околу 164 просечни месечни нето-плати, односно речиси 14 години целосна заработка, покажува споредбена анализа на шест балкански главни градови. Според анализата на BalkanView, високата цена на квадратен метар не е единствениот показател за...

Србија убедливо води во универзитетските рангирања на Западен Балкан

Србија убедливо води во универзитетските рангирања на Западен Балкан СКОПЈЕ, 13 септември – Србија има најсилна позиција меѓу шесте земји од Западен Балкан во меѓународните универзитетски рангирања, додека универзитетите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Северна Македонија сè уште имаат ограничена видливост на главните светски листи. Според податоците анализирани од BalkanView, Универзитетот во Белград е најдобро рангираната институција од Западен Балкан во QS World University Rankings...

Од 110 до речиси 200 милиони евра: Како автопатот Скопје–Блаце за седум години поскапе за речиси 90 милиони евра

Кога во 2019 година тогашниот вицепремиер Бујар Османи ја најави изградбата на автопатот Скопје–Блаце, првичните проценки говореа за проект вреден околу 110 милиони евра. Седум години подоцна, изградбата на само 12 километри автопат достигна вредност од над 198 милиони евра, што го вбројува овој проект меѓу најскапите патни инфраструктурни зафати по километар во историјата на Северна Македонија. Според актуелните податоци, автопатот Скопје–Блаце ќе се финансира со грант од 30,8...

Од службени ручеци до патувања: Како министрите за локална самоуправа ги трошат јавните пари

Репрезентацијата и службените патувања доминираат во расходите, додека телефонските сметки остануваат речиси непроменети. Податоците откриваат различни модели на трошење кај четворица министри во период од седум години. Министерството за локална самоуправа евидентирало најмалку 1,08 милиони денари расходи за репрезентација, службени патувања и телефонски услуги во периодот од август 2018 до август 2025 година, покажува анализата на податоците добиени од „Инбокс7“ преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Податоците...

Кога критичкиот текст станува лична закана: новинарките под сè поголем дигитален притисок

Осум од десет новинарки во Македонија се соочиле со онлајн вознемирување поради својата работа Навреди, говор на омраза, сексистички коментари, закани и организирани напади се дел од дигиталниот притисок со кој се соочуваат новинарките во Северна Македонија, а податоците покажуваат дека проблемот е широко распространет и често останува непријавен. Истражување на Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), спроведено во 2022 година со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во...

Новинарството меѓу алгоритмот и човекот: ВИ веќе не е технологија на иднината

Пишува: Џелал Незири Кога во 90-тите години од минатиот век се појави Интернетот, медиумите не беа свесни дека тоа е само почеток на целосна трансформација на начинот на кој функционира комуникацискиот систем во целина. За кратко време, Интернетот стана главна платформа за дистрибуција на медиумски содржини, тренд што ги натера традиционалните медиуми да се приспособат на новите околности создадени во медиумскиот екосистем. Многу од нив, кои одбиваа да се...

Ајфон за три дена работа во Луксембург, за повеќе од еден месец на Западен Балкан

Истиот Ајфон е глобален производ и во Луксембург, Германија, Северна Македонија или Косово, но бројот на работни денови потребни за негово купување открива голема разлика во куповната моќ меѓу Европската унија и Западен Балкан. Работник со просечна плата во Луксембург може теоретски да заработи за Ајфон 17 Про со 256 ГБ за само три работни дена, во Германија се потребни околу пет, а во Италија осум дена. Во земјите...