Судскиот совет тежи 3,2 милиони евра: Горигева најбогата, Зендели најсиромашен а Николовски со колекција на пушки
Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“ ги анализираше податоците од имотните листови на членовите на Судскиот Совет на Република Северна Македонија. Кој е најбогат, а кој најсиромашен член на Судскиот Совет. Каков друг имот пријавиле членовите на Советот беше тема на нашето денешно истражување. Изготвил: Тим на СКУП Македонија Лорета Горгиева најбогата помеѓу 11- члениот Судскиот Совет на РСМ. Нејзиниот имот вреди 730.492 илјади евра. Горгиева на свое лично име има пријавено само две денарски штедни книшки. Најголем дел од имотот на Горгиева е во сопственост на нејзиниот брачен другар. Како заеднички имот пријавила стан во Грција од 50м2, стекнат со договор за купопродажба. На имот на баречен другар има пријавено куќа во Струмица и поголема површина на земјиште стекнато со договори за купопродажба. На име на брачен другар има пријавено два автомобили...