Нахрани 10.000
Десет градови во Македонија денеска за прв пат ќе земат учество во националната хуманитарната акција за собирање на храна „Нахрани 10.000“. Акцијата е во организација на мрежата „Сите сити“, а е подржана од граѓанската иницијатава „Мрдни со прст“. Творец на истата е Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Сите граѓани кои сакаат да донираат храна и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно ќе имаат можност тоа да го направат на денешниот настан кој ќе започне во 10 часот и ќе трае до 19 часот. – Инспирарани од минатогодишниот настан „Нахрани 1.000“ кој го организиравме само во главниот град со пет организации решивме годинава за прв пат да го направиме со овој концепт и со оваа големина планираме само да го унапредуваме секој нареден месец – вели Блаже Јосифовски, од асоцијацијата „Ајде Македонијо“. Семејствата на кои ќе им биде...