Се подготвува петтиот Истражувачки филмски фестивал

Во моментов ПИНА работи на неколку проекти поврзани со новинарството, медиумската писменост како и едукацијата на млади новинари. Веќе ги започнавме подготовките за петтото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје кој во октомври ќе се одржи по петти пат во Скопје. Работиме на изготвување на интересна програма која опфаќа важни дискусии, говорници и работилници за новинарството, како и на филмската програма која секоја година може да се погледне на фестивалот. Освен активностите за фестивалот, соработуваме и со Мрежата на млади новинари, каде учествуваме во менторските процеси кои се дел од едукацијата на младите новинари што учествуваат во мрежата. Заедно со нив, даваме поддршка во изработката на медиумски производи, како и менторска поддршка. Во подготовки сме и за нови активности поврзани со темите важни за жените новинарки, како и можности за развој на медиумски содржини, кои ќе бидат промовирани наскоро.

Реформи во општините

Форум- Центарот за стратешки истражувања и документација во изминатиов период спроведуваше обуки на млади луѓе за граѓански активизам и им помагаше во спроведување на граѓански иницијативи на локално ниво. „Направивме истражувања за користење на можностите за непосредно учество на граѓаните во носење на одлуки на локално ниво, за потенцијалите за корупција при експлоатација на шумите, за состојбите со органското земјоделство во Македонија и во три држави од соседството, велат од Форумот. Оваа невладина организација изработи и два прирачници на овие теми, како и една наставна програма за органско производство за потребите на образование за возрасни лица. Неодамна Форумот заедно со уште пет други организации формираше мрежа за реформи во локалната самоуправа, па во наредниот период планираат низа активности во овој правец. Предвидена е и промоција на новата стратегија за соработка со граѓанскиот сектор во општина Кавадарци, која е подготвена...

Парламентот под лупа на невладините

Невладината организација „Полио плус-Движење против хендикеп“ во изминатиов период реализираше две анализи кои го засегаат работењето на Парламентот. Двете анализи се изработени со финансиска поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Целта на првата анализа наречена „Анализа на политичките програми од предвремените парламентарни избори 2020 наспроти Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп“. Целта на оваа анализа е да се даде приказ колку политичките програми предложени за време на парламентарните избори 2020 се усогласени со ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и во колкава мера политичките партии, како и вкупниот однос на општеството се подготвени да ги прифатат граѓаните со хендикеп како рамноправни граѓани на нашето општество. Втората е  Анализа на практиките на парламентите во однос на заедницата со хендикеп која дава компаративен приказ на практиките на парламентите во неколку земји во насока на согледување на состојбата и...

Формирана Мрежа од совети на публики за ранливите групи

Институтот РЕСИС, со поддршка на Програмата Цивика Мобилитас ја формираше Мрежата од совети на публики во која досега се приклучија над 50 граѓански организации на локално ниво кои работат со различни ранливи групи: деца и малолетници, лица со сетилна и друга попреченост, лица со ретки болести, припадници на ЛГБТ заедницата, социјално загрозени групи, зависници и други ранливи групи. Целта на Мрежата е да ги поттикне ранливите групи и нивните граѓански организации заеднички и координирано да работат на остварување на комуникациските права на ранливите групи во јавната сфера.   На работилниците што ги организираше РЕСИС при формирањето на Мрежата, граѓанските организации од различните региони низ земјава зборуваа за најактуелните проблеми со кои ранливите групи се соочуваат во јавната сфера и за неопходните чекори што треба да се преземат во полето на медиумските политики за да се надминат овие проблеми: пристапот...

МУЛТИКУЛТУРА – 20 ГОДИНИ АКТИВИЗАМ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА И РАЗБИРАЊЕ

Со седиште во Тетово, Мултикултура е водечка организација за граѓански права што промовира активизам и учество на младите во донесување одлуки и развој на културна и меѓуетничка толеранција и соработка, основана во август 2000 година. Здружението, која е грантист и на ЦИВИКА МОБИЛИТАС, брои повеќе од 100 активни членови, чиј број постојано се зголемува. Околу 30 волонтери учествуваат во организирање, управување и спроведување активности. Доброволниот форум, како едно од органите на здружението, го сочинуваат самите волонтери. Програмскиот директор на Мултикултура, Арлинда Мазлами, вели дека главниот приоритет за работењето на здружението е зајакнување на меѓуетничките односи преку едукативни програми за поддршка на толеранција, мир и разбирање. Според неа, главните цели на здружението се активно учество на младите во донесувањето одлуки на локално и национално ниво; интеркултурен дијалог на национално и меѓународно ниво; толеранција и мирно решавање на конфликти; намалување на...

ВО ЗАШТИТА НА ШАР ПЛАНИНА СО ПОДРШКА НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Лорик Идризи е Проектен менаџер на Балкански институт за регионална соработка БИРС, со седиште во Тетово. Вели дека БИРС е невладина и непартиска, целосно независна во своето работење. „БИРC актуелно го спроведува проектот за подигнување на свеста кај локалните жители за заштита на природните вредности на Шар Планина.  Овој проект е финансиран од програмата Цивика мобилитас и ќе трае 18 месеци и има за цел подигнување на свеста за прогласување на овој масив за национален парк“, вели Идризи. Во рамките на овој проект, како што информира тој, се реализирани повеќе активности како  информативни каравани со граѓани, документарни филмови, истражувања, интервјуа и завршна конференција.   „Темите вклучени во оваа акција се однесуваат на идејата за зачувување на Шар Планина како природно богатство. Главна тема е екологијата, а со оваа се поврзуваат и други теми како што се граѓанската вклученост, транспарентноста...

Оставете коментар

коментар(и)