ПОЖАРНИКАРИТЕ – ТИВКИТЕ ХЕРОИ НА НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ
Последното пожарникарско возило од општински или од државен буџет е купено 2008-ма година, a просечна старост на сите пожарникарски возила во земјава е 30 години. Професијата од нив бара да го ризикуваат својот живот за да се спаси туѓ, но тој ризик не им се признава. Пожарникарите ги забележуваме само кога се во акција. Кога гасат пожари, спауват од поплави, потреси, кога извлекуваат давеници и повредени во тешки сообраќајки. На нив се сеќаваме кога на некој покрив ќе ни заглави домашното милениче, мачка или папагалче, седоно. И кога треба да убедат некого дека живото е сепак повреден од се` и дека за се` има решение. А како им е ним, какво им е секојдневието, живото во станицата, во возилото цистерна, под шлемовите, во тешката опрема, никој како да не ги прашува. Како им е и кога се во акција...