Шверцот на песок ја чини државата над 30 милиони евра годишно

Пишува: Горан Лефков Езеро од 30 хектари. Жална слика во Средно Коњаре, Скопско. Шверцерите го изместиле целото корито на реката за да и го извадат песокот. Дрвата се исечени, а реката е оставена без неопходниот појас на шуми. Голготата на Пчиња на овој потег започнува во 2010 година, кога помеѓу два изборни циклуси, на фирма од Долно Коњаре и се дава концесија за експлоатација на минерални суровини од власта...

Вода за струја има, за пиење нема

Горан Лефков Блатец е познато село во Виничко. Прекрасно место во подножјето на Плачковица. Убави шуми, недопрена природа, убави реки, два рибни ресторани. Оваа убавина на природата сакаат да ја уништат грст профитери. Државата им дала на приватни компании концесија да им ја зафатат водата и да прават профит. „Ова е мала река. Има мал проток на вода и во лето е уште помал. Со зафаќањето на водите за...