Горан Лефков е новиот претседател на СКУП

Искусниот истражувачки новинар, Горан Лефков, е новиот претседател на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија. Оваа одлука беше едногласно донесена во рамки на редовното изборно собрание на организацијата, каде меѓу другото се направија промени и во останатите раководни структури. Лефков е трет претседател на СКУП, организација која од основањето во две последователни мандати беше водена од Џелал Незири, додека во последните четири години на чело беше Зоран Иванов.  Нови...

Штетни надворешни влијанија се присутни и во медиумите во Северна Македонија

Пишува: Џелал Незири Руското присуство во медиумскиот простор во Северна Македонија се зголеми со почетокот на агресијата врз Украина во февруари 2022 година. Паралелно со воените дејствија на терен, страните започнаа и медиумска војна за креирање на светското мислење во прилог на нивните агенди. Како одговор кон оваа засилена пропаганда, државните руски медиуми РТ и „Спутник“ со одлука на Владата на РСМ беа забранети да се емитуваат од кабелските оператори во...

Социјалните мрежи и медиуми – лост за ширење на авторитарни пропаганди

Пишува: Горан Лефков Социјалните мрежи се најсилното оружје на руската пропаганда. Лаги, манипулации, извртувања на вистината. Тоа е рецептот со кој режимот на Путин го „бомбардира“ демократскиот свет. Со започнувањето на војната во Украина, Европската Унија ги забрани руските канали од каде се ширеше руската пропаганда, како „Раша Тудеј“, „Спутник“ и останатите телевизии и медиуми. Тогаш започна да се зголемува руската пропаганда преку средствата за комуникација на социјалните мрежи. Главниот...

Драстично намалена трската во Охридското езеро

Пишува: Горан Лефков Трската е растението што го одржува живиот свет на Охридското езеро. Без нејзе тоа ќе биде обична акумулација. За жал односот кон трската е уништувачки. Постојано се намалуваат површините под трска, се сече, се фрла градежен шут, ѓубре и што ли уште не. Проф. Здравко Крстаноски, поранешен директор на Хидробиолошки Завод Охрид, смета дека состојбата е повеќе од лоша. „Состојбата со трската е катастрофална. Во Струшкиот...

Охридската пастрмка десеткувана: Дали државата кревала раце од езерото?

Пишува: Горан Лефков Околу 4 милиони години се создавала и опстојувала како вид, но денес охридската пастрмка е пред истребување. Ловокрадство, прелов на риба, неводење грижа за езерото се само дел од причините. Ако до пред десетина години состојбата со популацијата на Охридската пастрмка беше лоша, денес е катастрофална. Пастрмка скоро да нема ниту за лек. Заради административни причини, односно заради неуспешни тендери, веќе 5 години ниту Хидробиолошкиот завод...

Мали хидроелектрани за големи проблеми на Шара: Компании помоќни од законот

Автор: Горан Лефков Многу предизвици, многу желба, малку пари и опструкции од политичари. Ова е впечатокот од истражувањето за националниот парк Шар Планина. Идејата за прогласување на Шара за национален парк кај нас датира од 70-тите години. Но имаше сериозни опструкции. Тимот на СКУП Македонија се вклучи во оваа истрага, откако ни дојавија дека заради партиски и лични интереси не се носи Програмата за управување со Националниот парк Шар...

Чекајќи ја гасификацијата: Над 100 дена во годината С. Македонија се задушува во загаден воздух

Пишува: Горан Лефков Загаденост над дозволените 50 милиграми пм 10 честички на метар кубен, е секојдневие во Република Северна Македонија. Ваква загаденост земјата има над 100 дена во годината, што е далеку над дозволените параметри. Тетово минатата година имало 108 дена, додека Велес над 120 дена. Скопје, Кочани, Битола се константно загадени цела зима. Сите градови коишто лежат на котлини, каде нема поголеми струења на воздухот, имаат големо загадување....

Безмилосна експлоатација на природата: се уништуваат реки и почва, трпи земјоделството

Пишува: Горан Лефков Концесиите за користење на минерални суровини и води се издаваат без многу административни проблеми, но државата нема скоро никаква придобивка. За експлоатација на нејзините ресурси од приватни бизниси државата наплатува само 8 милиони евра годишно. Иако се издадени концесии за 50-тина видови минерални суровини, сепак најмногу концесии има издадено за експлоатирање на варовник – 110, за вода – 47 и за песок и чакал – 43...